Нгану: Доналд Трамп е срамота за Америка

Се чини дека Френсис Нагну нема да добие повик во Белата куќа дури и ако го освои појасот на УФЦ.

Предизвикувачот за титулата во тешка категорија ги коментираше изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп на состанокот за имиграција на кој неколку африкански држави и Хаити го нарече „срање од држави“.

Нгану е роден во Камерун, а пред да се пресели во САД живееше во Франција.

„Овој човек е срам за Америка. Америка ја изградија имигрантите. Америка е земја на имигранти и Америка е земја која целиот свет ја гледа како пример. Како Американците ќе ја гледаат својата земја и некој кој и ја уништува репутацијата која ја градеа претходните претседатели како Барак Обама или други славни луѓе како Мартин Лутер Кинг. Тоа е срамота“.

Само еден ден претходно претседателот на УФЦ Дана Вајт му изрази поддршка на Трамп и рече дека разговарал со претседателот за доведување на УФЦ во Белата куќа. Го поддржуваше и за време на претседателската кампања.

Вајт додаде дека не поддржува се што ќе каже Трамп или прави и не влијае на политичките ставови на неговите борци.

„Не влегувам во кавги со луѓето поради нивните политички убедувања. Ако сте демократ, ако се најлудиот либерални некогаш, без разлика на вашата работа, тоа е вашето лично убедување. Тоа една од прекрасните работи, да сте Американец“, изјави Вајт оваа недела за Бостон Хералд.

https://twitter.com/aaronbronsteter/status/954073937914335233?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.croring.com%2Fnews%2Fngannou-donald-trump-je-sramota-za-ameriku%2F20555.aspx

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО