Скандал: Нападнат тренерот на Хравтката Хабазин пред борбата за светската титула, мечот е откажан (ВИДЕО)

Екстремно грди сцени се случија на официјалните мерење пред дуелот на Американката Клариса Шилдс (9-0) и Хрватката Ивана Хабазин (20-3).

Тие требаше да се сретнат во меч за слободните титули на ВБЦ за жени, но нападот врз европскиот тренер ги принуди организаторите да го откажат дуелот, кој требаше да биде на водечки на настанот во Мичиген, САД.

Џејмс Али Башир, кој е ментор на Хабазин, бил однесен во болница откако бил нападнат од човек од штабот на Шилдс. Двајцата се карале во текот на официјалниот дел, а неколку минути подоцна Џејмс бил нападнат.

Сè уште нема видеа од инцидентот, но кружат клипови на Интернет на кои се гледа како Башир лежи и крвари и опкружен со неговата боксерка и органите на редот.

https://www.facebook.com/boxingscene/posts/10156719577002406

Според сведоците, Башир бил погоден во грбот, а натрапникот побегнал.

„Светскиот боксерски совет остро ги осудува сите акти на агресија кои се поврзани со нашиот спорт. Сигурни сме дека агенциите за спроведување на законот ќе применат целосна сила на законот на она што се случи на вчерашниот официјален настан “.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО