Сирил Гане знае како да го победи Дерик Луис

„Луис е многу опасен борец, како Жаирзињо кој ги соборува противниците со силните удари. Но, ќе се обидам да го неутрализирам. Моите удари ќе го погодат, а тој нема ни да ме допре“, рече Сирил Гане, кој се бори против Дерик Луис за привремениот појас во тешка категорија на УФЦ на 7 август на УФЦ 265 во Хјустон.

Непоразениот Французин бараше меч за титула по триумфот над Александар Волков, а најсилната ММА организација делумно ја исполни неговата желба.

Противникот на Сирил има огромно искуство во ММА борбите, но Гане знае како да го заузда Црниот ѕвер.

„Многу луѓе мислат дека Луис нема борбено IQ и никакви вештини. Но, тој многу добро го користи она што го има и е многу опасен. Со постојан притисок, како што му направив на Волков, ќе го однесам во длабоките води“, вели Сирил Гане, а за можен судир против Нагану или Џонс вели:

„Поради навивачите, би сакал да се борам против Френсис во Париз“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО