Поранешниот предизвикувач во тешка категорија Сирил Гане успешно се врати по поразот од Џон Џонс.
Французинот го совлада Молдавецот Сергеј Спивак со прекин во втората рунда пред домашните навивачи на настанот УФЦ Фајт најт 226 во Париз.
За Гане ова е 12-та победа во професионалната кариера.
BON GAMIN DOES IT AGAIN!@Ciryl_Gane with another knockout in a #UFCParis main event 👊🇫🇷 pic.twitter.com/sZgOs3cdEp
— UFC (@ufc) September 2, 2023
Ciryl Gane with the finish 🔥 #UFCParis pic.twitter.com/JMtuqwbjyH
— bjpenndotcom (@bjpenndotcom) September 2, 2023
Успешна беше и Манон Фиорот, која во конасловната борба ја забележа десетата победа во низа и шестата во УФЦ.
Французинката со едногласна одлука на судиите ја победи поранешната шампионка Роуз Намахунас. Тоа беше прв меч на Американката во мува категорија.
А Беноа Сен Дени ја продолжи успешната серија. Домашниот борец со прекин на крајот од втората рунда го победи Бразилецот Тијаго Мојсес
Тоа беше 11-ти триумф во кариерата на Французинот и четврти во низа.
Поранешниот предизвикувач во полутешка категорија Волкан Оздемир се врати со победа. Швајцарецот со завршница во првата рунда (задушување од позади) славеше против Богдан Гушков.
Тоа беше втора победа за Оздемир (19-7) во последните пет натпревари и прва по поразот во октомври минатата година од Никита Крилов.
Морган Шариер дебитираше за најголемата светска ММА организација со победа над Италијанецот Маноло Зекини.
Францускиот борец минатата година тесно го совлада Даниел Бажант, а по триумфите против Педро Соуза и Дијаго Силва доби можност да се натпреварува во УФЦ.
Шариер го победи Зекини со нокаут во првата рунда.
Резултати од настанот УФЦ Фајт најт 226:
Сирил Гане – Сергеј Спивак – ТКО (тупаници), Р2 (3:44)
Манон Фиорот – Роуз Намахунас – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Бено Сен Дени – Тиаго Мојсес – ТКО (удари), Р2 (4:44)
Волкан Оздемир – Богдан Гушков – завршница (гушење од позади), Р1 (3:46)
Вилијам Гомис – Јанис Гемури – ТКО (удар во тело), Р3 (2:20)
Морган Шариер – Маноло Зекини – КО (ножни удари во тело и тупаници), Р1 (3:51)