Сирил Гане му одржа лекција на Розенструик и остана непоразен

Сирил Гане славеше со едногласна одлука во тешкашкиот дуел со Жаирзињо Розенструик на УФЦ Вегас 20 во Лас Вега. Гане доминираше и долуката беше убеливо во негова корист (50-45, 50-45, 50-45).

Гене се претстави многу добро, а Розенструик се потпре на трпеливоста, што на крајот се покажа како лоша шега. Битката беше од ист тип, при што во сите рунди го видовме Гане како му задава удари на Розенструик, кој само стоеше и чекаше како на шалтер. Моментот на Жаирзињо никогаш не дојде и не покажа ништо во борбата. Од друга страна, Сирил воодушеви со молскавични удари, како и со неколку уривања.

Розенструик спиеше низ мечот и очигледно се надеваше на среќата што ја имаше во битката против Алистер Оверем.

Со оваа победа, Сирил остана непоразен во ММА и ја зголеми серијата на 8-0. Гане веќе има 5 победи во УФЦ и со уште еден успех ќе може да се надева на борба за појасот во тешка категорија, иако редот е подолог. Розенструик се врати со порази и победи во една од последните три борби во УФЦ. Ова е без сомнение еден од неговите најслаби настапи.

Резултати на УФЦ Вегас 20:
 Сирил Гане – Жаирзињо Розенструик со едногласна одлука на судиите (50-45 x3)
Магомед Анкалаев – Никита Крилов со едногласна одлука на судиите (29-28 x3)
Монтана Де Ла Роса – Мајра Буено Силва нерешено со мнозинска одлука на судиите (28-27, 28-28 x2)
Педро Муњоз – Mими Ривера со едногласна одлука на судиите (30-27 x2, 29-28)
Алекс Касерес – Кевин Крум со едногласна одлука на судиите (30-26 x2, 30-27)

Воведни борби:
Тијаго Моис – Александар Хернандез со едногласна одлука на судиите (30-27 x2, 29-28)
Алексис Дејвис – Сабина Мазо со едногласна одлука на судиите (30-27 x2, 30-26)
Рони Лоренс – Винс Какеро со ТКО (Р3, 2:38)
Дастин Џејкоби – Максим Гришин со едногласна одлука на судиите (29-28 x3)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО