Магомед Анакалев го надмудри Никита Крилов во Лас Вегас (ВИДЕО)

Магомед Анкалаев во полутешка категорија го победи Никита Крилов со судиска одлука УФЦ Фајт најт 186 во Лас Вегас.

Во првата рунда Крилов почна со удари, по што инсистираше на демолирање, но не го постигна тоа. Магомед се бранеше и битката продолжи во стој, каде што Никита беше со подбра идеја. На крајот од рундата, Акналаев исто така се обиде да го собори, но не беше успешен. Крилов постигна позначајни удари во оваа рунда и многумина сметаа дека победил.

Во втората рунда разменија силни удари во стој. На крајот од рундата, Анкалаев го собори Крилов и зазеде доминантна позиција. Борбата на партер продолжи и рундата заврши. Анкалаев, овој пат, ја доби.

Во последната рунда, Магомед упати силен удар во главата на Крилов и за малку нему ја скина. Двајцата знаеја дека оваа рунда е одлучувачка и Анкалаев одеше на сигурно.Тој го залепи Крилов во мрежата, а потоа го сруши на партер. Скоро во текот на целата рунда, Анкалаев ја контролираше борбата и забележа уште еден нокдаун. Крилов изгледаше беспомошно додека Анкалаев го држеше до мрежата и го погоди.

Со оваа победа Магомед влезе во серија од 6 последователни победи и ќе влезе во топ 10 во полутешка категорија. Крилов им се врати на поразите.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО