Сирил Гане добро го почувствува ударот на Туиваса: Тој е првиот што ме собори

Минатиот викенд пред локалните фанови на настанот УФЦ Фајт најт 209 во Париз, францускиот тешкаш Сирил Гане со нокаут на крајот од третата рунда го победи Австралиецот Таи Туиваса.

Но, на почетокот на втората рунда Сирил за момент се најде во тешка ситуација кога Австралиецот добро го удри, а тој заврши на подот.

Туиваса не реагираше добро, па Гане се врати на нозе и ја продолжи борбата.

Французинот се бореше во УФЦ со вистински удирачи како Френсис Нгану, Дерик Луис или Жуниор дош Сантос, но особено е импресиониран од силата што ја поседува австралискиот борец.

„Туиваса го има најсилниот удар од сите. Нгану не ме ни допре за време на борбата, па не можам да споредувам. Но Таи добро ме погоди. И Нгану може силно да погоди, но Туиваса прв ме собори“, изјави Сирил Гане.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО