Синот на Цеца влегува во професионалниот бокс ринг

Синот на познатата фолк пеачка Светлана Цеца Ражнатовиќ и на Аркан, Вељко се одлучи професионално да влезе во спортот.

Вељко на 10 март во Јагодина ќе настапи во меч во крузер категорија (90,7) во четири договорени рунди. Негов противник ќе биде Краштја Јорданов од Софија, кој исто така е дебитант.

„Заљубен сум во рингот, гладен сум за мечеви“, изјави Ражнатовиќ на кого ментор му е  боксеркиот шампион Милан Ровчанин.

https://youtu.be/_oguKbuIx-M

Првиот тренер на клубот Фонтана од Нов Белград, Јован Ракојанац вели дека Вељко е потенцијал.

„Сигурен сум дека ќе ја оправда довербата во рингот. Го одликува упорноста, волјата, смислата за бокс и спартанска дисциплина, што е предуслов за успешна боксерска кариера“, изјави Ракојанац за Журнал.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО