Силвио Мировски ја обезбеди втората бронза за Македонија на ЕП во кик бокс (ФОТО)

Силвио Мировски ја обезбеди втората бронза за Македонија на Европското првенство за деца, кадети и јуниори во кик бокс во Истанбул, Турција.

Мировски славеше против – Гагик Харутјунјан од Ерменија со 3-0. За влез во финалето ќе се бори со Србинот Урош Крстиќ.

Да потсетиме дека вчера Туркер Исмаил извојува победа над грчкиот репрезентативец Арапогијанис Панталејмон со 3-0 и се пласира во полуфиналето, со што обезбеди бронза. За финале ќе се бори со Украинецот Никита Тертишњи.

Марија Димовска во полуфиналето ќе се сретне со Еданур Аџар од Турција, па така има обезбедено бронза.

Резултати:

-71 кг лоу кик постари јуниори
Силвио Мировски – Гагик Харутјунјан (Ерменија) 3-0
Полуфинале
Силвио Мировски –Урош Крстиќ (Србија)

-57 кг лоу кик млади јуниори
Туркер Исмаил – Арапогијанис Панталејмон (Грција) 3-0
Полуфинале
Туркер Исмаил – Никита Тертишњи (Украина)

-52 кг кик лајт постари кадети
Петар Илковски – Сергејс  Јермолајевс (Латвија) 0-3

-56 кг К-1 постари Јуниори
Јадранка Темелкова – Елеа Даене (Франција) 0-3

-84 кг кик лајт постари јуниори
Нелсон Узеир – Самоил Солера Молина (Шпанија)

+60 кг лоу кик млади јуниори
Марија Димовска –Еданур Аџар (Турција) ½ полуфинале

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО