Фатон Салиху е избран за нов претседател на Боксерската федерација

Денес на вонредното Собрание на Националната боксерска федерација Фатон Салиу е избран за нов претседател.

Од 38 делегати 33 присуствувале на Собранието и едногласно го избрале за претседател.

Во соопштението од Федерацијата се наведува дека досегашниот претседател Примислав Димовски денес се поднел оставка, по што Федерацијата организирала вонредно Собрание.

Притоа се нагласува дека досегашниот претседател на Националната боксерска федерација, Примислав Димоски, успешно го водел боксот во Македонија.

Исто така, се наведува дека европскиот медалист од ЕП за кадети во 1997 година во Битола, Фатон Салиху, со своите спортски постигнувања се ангажирал да го подигне нивото на боксот во Македонија. Со богата кариера и искуство ветил поддршка за младите боксери и развој на талентите, како и подобрување на тренинг процесите и инфраструктурата.

Се нагласува и дека Салиху ќе се заложи за зголемување на присуството на македонските боксери на меѓународната сцена, со активни напори за учество на различни натпревари и креирање на партнерства со други боксерски федерации и државни релевантни и меѓународни институции.

„Досегашната улога на претседателот Салиху беше впечатлива и разновидна. Пред да стане претседател на Националната боксерска федерација Салиху имаше важни улоги во спортската заедница. Тој беше председател на Боксерскиот клуб „Чаир”, каде што активно работеше на развојот на боксот и дадената поддршката кон младите спортисти.

Покрај тоа, Салиху ја вршеше улогата на потпретседател на Националната боксерската федерација, каде што континуирано работеше на промоција и развој на боксот во земјата. Неговиот ангажман во рамките на Федерацијата имаше за цел да создаде подобри услови за боксерите во Македонија, како и да ги олесни можностите за учество на меѓународни натпревари“, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО