Дерек Чисора го предупредува Тајсон Фјури откако Усик го нокаутира Дубоа

Тешкашот Дерек Чисора присуствуваше на боксерскиот настан во Вроцлав од првиот ред покрај рингот и беше сведок на победата на Александар Усик над Даниел Дубоа.

Украинецот со нокаут во деветтата рунда го победи британскиот борец Даниел Дубоа и ги одбрани титулите светски шампион на ВБО, ВБА и ИБФ.

Усик доминираше во борбата и двапати го собори Дубоа, додека судијата не ја прекина борбата, а се појави многу поагресивен од претходните натпревари.

И додека многумина сè уште се сомневаат во силата и издржливоста на украинскиот борец, Дерек Чисора предупредува дека Фјури мора да биде апсолутно внимателен ако еден ден се бори со Усик.

Имено, Чисора боксираше и против двајцата и истакнува дека Усик во секој момент од натпреварот може да ја промени тактиката, а тоа може да му направи проблеми на Фјури доколку се договори меѓусебна пресметка.

„Знам дека Усик ќе ја смени тактиката за време на борбата против Ромскиот крал“, рече Дерек Чисора, а со него се согласи и поранешниот колега Спенсер Оливер, додавајќи:

„За да го победиш Усик, треба да влезеш во рингот и да се обидеш да го налутиш. Држете го на дистанца и не дозволувајте да дивее“.

Деновиве промоторите на светските шампиони потврдија дека повторно почнале преговорите околу мечот за апсолутен шампион во тешка категорија меѓу Фјури и Усик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО