Со скопски борачи и тренери Сигне Сторе од Норвешка планира медал на Олимпијадата (ФОТО)

Makedonski boraci i treneri so Store

По историскиот успех на квалификацсикиот турнир во Истанбул за Олимписките игри во Рио на норвешката борачка, Сигне Сторе, која стана првата девојка учесник на Олимпијадата од Норвешка, таа и се реваншираше на „виновниците“ за успехот.

Kazim so Store

Во знак на благодарност спрема нашите репрезентативци Јасин Реџелари и Ертан Реџепи, кои ја подготвуваа Сторе во Скопје, со нејзиниот тренер Ќазим Реџепи, таа ги повика и на последните подготовки во Осло.

На Реџепи, покрај Реџелари и Рехепи, му помагаше уште еден наш тренер, Хамди Адили.

Kazim so Store so medal

Целта е Сигне Сторе да го оствари сонот на секој  спортист – да освои олимписка медал. Инаку, нејзиниот тренер Ќазим Реџепи е поранешен борач на БК Скопје, а од 1988 година живе во Норвешка, каде што е тренер на БК Осло. Неколку години ја води женската репрезентација во борење на оваа земја. Со неговиот клуб неколку пати е првак на Норвешка, а со борачка Маја Ерлансен во 2012 година го освои прво место на Европското првенство во Белград. Сепак, со Сигне Сторе испиша историја на овој спорт во Норвешка, бидејќи таа го освои прво место во Европско првенство во 2011 и две бронзи во 2012 2013 година.

Bk Oslo

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО