Пролетер и Миоки незадоволни од изборот на репрезентативците за ЕП во Финска

Hamza Jasari split 2016 prv

Македонската џудо репрезентација патува на Европското првенство за кадети во Вата, Финска, со двајца натпреварувачи Арбреша Реџепи и Хамза Јашари.

Но начинот на кој се одредуваше кој ќе подготвува на кампот во Швајцарија и кој ќе патува на Европскиот шампионат ги налути клубовите за несериозниот пристап.

Abresa i Borce vo Kluz

Имено, преку Македонскиот олимписки комитет (МОК), а во соработка со Меѓународната џудо федерација (ИЏФ), беше обезбеди финансиска помош за Џудо федерацијата на Македонија за учество на младите џудисти Борче Ангелов (Пролетер) и Арбреша Реџепи (Иппон) од 17-23 Јуни на џудо кампот во Фиш, Швајцарија, во придружба на нивниот тренер Горан Мицкоски. Главен предавач на кампот беше олимпискиот медалист и тренер, Сергеј Ашванден (6 дан).

Потоа, еден ден пред патувањето местото во репрезентацијата го зема освојувачот на борнзениот медал од Балканското првенство Хамза Јашари. Од Пролетер се лути на ваквиот однос, затоа што нивниот натпреварувач се подготвувал за ЕП, а пред самото тргнување го симнуваат од списокот, што не е спортски и коректно спрема младиот џудист. Од друга страна, од Миоки, клубот на Јашари, забележуваат на тоа што нивниот џудист не е земен на подготовки во кампот во Швајцарија и дека од Фејсбук дознале, иако две недели порано барале од Џудо федерацијата на Македонија да се изјасни.

„Во врска со ЕП за кадети сметаме дека изборот е коректен, но се направени огромни пропусти кои ќе имаат сериозно влијание врз натпреварувачите, а истовремено ќе повлечат прашања до селекторот и ЏФМ. Имено, на тренинг камп за кадети што се одржа во Швајцарија непосредно пред заминувањето на натпреварувачите на ЕП во Вата, селекторот Горан Мицкоски ги избра репрезентативците Борче Ангелов и Арбреша Реџепи. По завршување на тренинг кампот за учество на ЕП беа избрани Арбреша Реџепи и Хамза Јашари. Јашари своето место го обезбеди преку бронзениот медал на Балканското првенство за кадети, но се поставува прашањето: зошто не беше повикан на завршни подготовки на ИЏФ тренинг кампот во Швајцарија?! Во ЏК Миоки постои големо незадоволство од односот на ЏФМ кон најуспешниот џудо клуб. Конкретно во случајов за учеството на ЕП џудистот Јашари дозна од неформален разговор на Фејсбук, иако  клубот уште пред две недели официјално побара ЏФМ да се изјасни дали го планираат Хамза Јашари за учество на ЕП. Одговор стигна еден ден пред поаѓањето, односно вчера околу 14 часот. ЏФМ се однесува крајно несериозно и крајно некоректно, што само по себе негативно влијае врз сите инволвирани. За каква сериозност може да зборуваме кога клубот и репрезентативецот за учество на ЕП официјално дознаваат 1 ден пред поаѓање“, велат од ЏК Миоки..

Од Миоки нагласуваат дека е направена голема неправда и кон репрезентативецот Борче Ангелов, иако станува збор за натпреварувач од друг клуб. Со оглед на тоа дека бил повикан на тренинг кампот во Швајцарија.

„ЏФМ требало да направи напори и да обезбеди учество на ЕП и за Ангелов, бидејќи станува збор за квалитетен џудист кој е последна година во старосната група кадети. Факт е дека во ЏФМ не постои координација, ниту, пак, соодветни критериуми, а да не зборуваме за стратегија за развој на спортот“, зкалучуваат од Миоки.

Dzudisti so medali Abresa i ostanati

Тренерот на ЏК Пролетер, Александар Димитријоски, вели дека по Балканското првенство лично реагирал за настанатата ситуација, а од ЏФМ му одоговориле дека Јашари освоил медал на Балканското првенство, а Борче не. Тој ги потсетува на балканскиот златен медал од Текирдак, Турција, на Ангелов.

„Критериумите се менуваат и затоа се прават пропусти. Борче има повеќе бодови на ЕЏУ (EJU) ранг листата и повеќе настапи на европски првенство.На европски купови има добиено борби и освоени бодови. Земен е на подготовки, а не оди на ЕП. Македонија не располага со плеада на врвни џудисти како Ангелов. Кај нас тие се бројат на прсти. Која е стратегијата на ЏФМ спрема оние квалитетни натпреварувачи како Ангелов. Крајно неспортски спрема нас како клуб и спрема спортистот кој оваа година ги завршува кадетските првенства и преминува во друга возраст. Би било корисно да размислат каква штета прават. Како сето ова ќе го надмини Ангелов и ние кои постојано работиме да дојдеме до европски резултат?! Ние како клуб, не го спориме квалитетот на Хамза, за почит е и неговиот ангажман, но пред една недела во Струга на Меѓународен натпревар се бореа во финале, каде Борче го потврди својот квалитет и извојуваше победа. Уште таму реагиравме“, потенцира Димиријоски.

Proleter logo

Претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Ванчо Настов, вели дека се водлео дискусија за критериумот за одење на ЕП, односно дека едни биле за тоа џудист што се борел во финале, а други за некој што освоил медал на Балканско првенство.

„И на спортскиот директор и пред сите во Федерацијата кажав дека тоа не е во ред и дека на ЕП ќе патува секој што освоил медал. Реков дека комплетно ќе го покриеме трошокот на репрезентативците, со помош на спонзорите. Мислам дека спортскиот директор и селекторот може да дадат поконкретен одговор како се одлучиле за изборот на патниците за ЕП“, рече претседателот на ЏФМ, Ванчо Настов.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО