Штирков го нокаутира Сатоши Иши (ВИДЕО)

Иван Штирков во неделата го подобри својот ММА скор на 11-0.

Хулк од Урал во втората рунда во Екатеринбург го нокаутира Сатоши Иши (15-8-1). 28-годишниот Русин доминираше и во борбата во клинч со поранешниот олимписки шампион во џудо, а го заврши со контра со десно кроше по среден удар (мидл кик).

Од победата против Бигфут Силва во ноември 2016 година, Штирков на поени го порази Родни Валас, а во последната борба во мај со TKO во првата рунда поранешниот борец на УФЦ Филип Де Фрајс.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО