Џиу џицу клубот Осенсеи од Штип постига забележителен резултат на Меѓународниот турнир „Мимоза опен 2018“ во Херцег Нови, Црна Гора, освојувајќи осум медали – 4 златни, 2 сребрени и 2 бронзени.
Златните медали ги освоија: Станислав Грпов, Филип Денков, Ева Димитрова и Стефан Донев, а
Вангел Белташев и Нина Ташкова сребрени и бронзените Ивана Василева и Кириил Иванов.
Екипа на Виктор Велинов постигна одличен резултат во првиот настап во оваа година.
Ipon.mk