Штип најуспешен на Државното карате првенство за кадети, јуниори и У21, пред Олимпик спорт и Фунакоши Гичин

По комплетирањето на резултатите од Државното карате првенство за кадети, јуниори и У-21 кое се одржа вчера во Скопје, а е од изборен карактер за состав на репрезентацијата за Европското првенство во Тбилиси, Грузија, од 9 до 11 февруари најуспешен клуб е КК Штип со 11 медали – 5 златни, 1 сребрен и 5 бронзени.

Потоа следи Олимпик спорт 2007 со 7одличја – 5 златни, 1 сребрен и 1бронзен, па Фунакоши Гичин 7 (4-2-1), Гладијатор 12 (3-3-60, Макпетрол 5 (3-2-0), Ускана 4 (2-2-0), Фати 5 (2-1-2), Маваши 4 (2-1-1), Ботони (2-1-1), Кизаме 3 (2-0-1). Останатите биланси може да ги видите ТУКА.

На првенството настапија 262 каратисти со 289 натпреварувачки влезови од 54 клуба.

Загрижува фактот што во некои категории имаше по еден или двјаца натпреварувачи во категорија.

Тренерите на КК Штип Сашко и Жарко Арсовски истакнуваат дека се задоволни од оставреното и покрај лошата клима во каратето, потенцираат дека некои судии не се дорасните на висината на задачата. Сепак, тие веруваат дека нивните каратисти што ќе обезбедат место во репрезентацијата ќе атакуваат на медал ЕП.

Идниот викенд е Плејофот за дефинирање на репрезентативниот состав за ЕП.

Прваци на Македонија станаа:

Јуниори

Жени
-48 кг Мартина Петреска – Чоле
-53 кг Абази Алдина – Фати
-59 кг Марија Бунтевска –Олимпик спорт
-66 кг Греса Мустафаи – Струга
+66 кг Јанина Дардишта – Форца

Мажи
-55 кг Бесрат Мемети – Башкими 2002
-61 кг Андреј Стојчевски – Кизаме
-68 кг Вукашин Јовановиќ – Шампион
-76 кг Виктор Спасов – Штип
+76 кг Андреј Басаров – Штип

Ката
1.Данка Стојкова – Сансаи Метал Апостолов
2.Марко Поптодоров – Гладијатор

Кадети
Ката
1.Блерина Зендели – Ускана
1.Нуредин Дервиши – Ускана

Жени
-47 кг Ана Љубевска – Маваши
-54 кг Душица Бреслиева – Штип
-61 кг Драгана Ефтимовска – Штип
+61 кг Јана Тануровска – Маваши

Мажи
-52 кг Јован Враклевски – Кизаме
-57 кг Цветан Маргаритов – Ботони
-63 кг Харис Беќировиќ – Ботони
-70 кг Марко Филиповски – Автокоманда
+70 кг Лука Бацковиќ

Кадети-јуниори ката екипно жени
Фунакоши Гичин

Кадети-јуниори ката екипно мажи
Јошитака

У-21
ката екипно женски
Гладијатор

Поединечно
1.Јована Манчевска-Фунакоши Гичин
1.Давид Спасовски – Фунакоши Гичин

Жени
-50 кг Михаела Мишовска – Олимпик спорт 2007
-55 кг Ива Пецесвка – Олимпик спорт 2007
-61 кг Јована Мицовска – Макпетрол
-68 кг Ера Коџа – Дибра
+68 кг Ердона Зибери – Фати

Мажи
-60 кг Бојан Костов – Олимпик спорт 2007
-67 кг Матеј Белистојаноски – Олимпик спорт 2007
75 кг Љупче Михајлов – Штип
-84 кг Витомир Трајковски – Макпетрол
+84 Стефан Стојановиќ – Макпетрол

Сите резултати може да ги погледнете ТУКА

Државното првенство со Плејофот е за одредување на репрезентацијата за Европското првенство во Тбилиси, Грузија, од 9 до 11 февруари 2024 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО