Штип ќе биде центар на боксот викендов, се одржува Изборно првенство за Лигата

Викендов Штип ќе биде ценатрот на боксерските збиднувања во Македонија и регионот откако денеска Управниот одбор (УО) на Боксерската федерција на Македонија (БФМ) доднесе одлука во сабота да се одржи Изборниот турнир за учество во Лигата на Македонија. Од друга страна, во петок гостува најдобрата европска екипа Сесвете од Хрватска на Пинк Пантер во рамките на третото коло на Регионалната боксеркса лига.

УО во позитивна атмосфера одлучи Лигата админстративно да биде поделена на сениорска и на кадетско-јуниорска. Го донесе календарот за натпреварување за 2017 година. Парите да се трошат со одлуки на УО, при што ќе има и врзани потписи. Одлука за финансирање/стипендирање на боксерите, притоа е нагласено ако некој од друг спорт (боречките) дојде во боксот и биде финансиран од БФМ, ќе мора да остане во благородната вештина. Ако некој се натпреварува во неко друг боречки спорт, тогаш ќе биде дисквалификуван.

Во периодот до следната седница на УО на БФМ ќе треба да се оформат повеќе комисии со што ќе се канализра хормалното работење.

На 26 април ќе се одржи годишното Собрание на Федерацијата.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО