Кличко: Стар? Не, никогаш не сум бил подобар!

На 29 април Владимир Кличко и Ентони Џошуа ќе ги вкрстат ракавиците на легендарниот стадион Вембли во Лондон во мечот кој би требало да биде боксерски двобој на годината. Влог се појасите светски шампион во супер тешка категорија во верзиите на ВБА и ИБО.

И покрај тоа што има 41 година, Украинецот во интервју за Бокс сцена тврди дека во моментов е во најдобрата форма во животот.

„Искрено, ниту малку не  ги чувствувам годините. Барем, се уште не во овој момент. Едноставно не ги чувствувам последиците на годините“, изјави Кличко, додавајќи:

„Не знам како ќе биде и што ќе се случи за пет години, но во овој момент никако не смеам да се жалам на брзината, издржливоста или штобило друго. Всушност, се чувствувам подобро отколку порано“.

Кличко верува дека годините го донеле искуството, а бидејќи физички не падна, верува дека е подобар боксер од кога и да е од порано…

„На сите луѓе кои не се вклучени во боксот е тешко да им се објасни дека се чувствувам најдобро на оваа возраст. Дали моите години се недостаток? Не, мислам дека повеќе се предност отколку мана“, заклучува тој.

https://www.instagram.com/p/BR-lPfEgEJ8/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО