Шон Стрикленд во одлична борба го совлада Јураја Хол (ВИДЕО)

Шон Стрикленд (24-3) стигна до својата петта победа во низа. Американскиот ММА борец го победи Јураја Хол (17-10) со едногласна одлука на судиите на УФЦ на ЕСПН 28 во Лас Вегас.

Стрикленд стигна до нов триумф со одлична тактика, а тој започна жестоко со првиот звук на сирената.

Постојано го притискаше Хол и не му даде секунда пауза. Урија се обиде да возврати во четвртата рунда, но Шон успешно се бранеше секој пат.

Хол знаеше дека го губи мечот и може да победи само со прекин во петтата рунда, но не успеа. Американско-јамајканскиот борец со поразот ја прекина серијата од четири победи.

Во конасловната борба Чејни Бајс ја совлада Глорија де Пола со прекин во првата минута, а Џаред Гуден беше убедлив, совладувајќи го Германецот Никлас Столзе за 68 секунди со нокаут.

Резултати УФЦ на ЕСПН 28:

Шон Стрикленд – Јураја Хол – едногласна одлука (50-44, 50-45, 49-46)
Чејни Бајс – Глорија де Паула – ТКО, Р1 (1:00 ч.)
Џаред Гуден – Никлас Столзе – КО (удар), Р1 (1:08)
Мелсик Багдасаријан – Колин Англин – ТКО, Р2 (1:50)
Џејсон Вит – Брајан Барберена – мнозинска одлука (28-28, 29-27, 29-28)

Воведни борби:
Крис Грутземахер – Рафа Гарсија – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Каи Камака III – Дени Чавез- нерешено (29-27, 28-28, 28-28)
Јин Ју Фреј – Ешли Јодер-едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Зарух Адашев – Рајан Беноа-едногласна одлука (30-27, 30-27, 29-28)
Фил Роу – Орион Кошче – ТКО, Р2 (4:21)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО