AJ Мекки со гушење го совлада Патрицио Фреир за титулата и наградата од милион долари (ВИДЕО)

Во една од најголемите ноќи во историјата на Белатор, А.Ј. Мекки (18-0) покажа зошто е еден од најдобрите борци во лесна категорија.

Непоразениот Американец го совлада бразилскиот борец Патрисио Фреир во првата рунда со „давење со гилотина“ на Белатор 263 во Инглвуд и го освои шампионскиот појас.

А.Ј. Мекки го совлада еден од најголемите борци на промоцијата на крајот од втората минута, а со триумфот го освои турнирот на Белатор и наградата од милион долари.

Американскиот борец го погоди противникот со лев „висок удар/ хај кик“ и го однесе до оградата со серија удари. Го зграпчи Бразилецот и ја заврши борбата со гушење.

„Сите мои соништа се остваруваат. Тоа е неверојатно“ – изјави А.Ј. Мекки додаде:

„Тоа е само почеток. Со нетрпение очекувам да го задржам тоа „бебе“ до крајот на мојот живот. Појасот нема да си замине од мене“.

Во борбата за титулата, Медс Барнел го совлада Емануел Санчез со едногласна одлука на судиите.

Братучедот на Хабиб, Усман Нурмагомедов ја стигна до втора победа во Белатор и 13 -та во кариерата. Непоразениот Дагестанец со прикин во првата рунда го совлада Мани Мур.

Ислам Мамедов го победи Брент Примус со поделена одлука на судиите, а Гоити Јамаучи со прекин во првата рунда го совлада Крис Гонзалес.


Резултати Белатор 263:
А.Ј. Мекки – Патрицио Фреир – тех. завршница (давење со гилотина), Р1 (1:57)
Медс Барнел – Емануел Санчез – едногласна одлука (29–28, 30–27, 30–27)
Усман Нурмагомедов – Мани Муро – ТКО, Р1 (3:30 ч.)
Ислам Мамедов – Брент Примус – поделена одлука (29-28, 28-29, 29-28)
Гоити Јамаучи – Крис Гонзалес – ТКО, Р1 (3:53)

Воведни борби:
Ванеса Порто – Илара Џоан-поделена одлука на судии (29-28, 28-29, 29-28)
Гаџи Рабаданов – Даниел Кери – КО, Р1 (3:57)
Касан Магомедшарипов – Џонатан Квироз – ТКО, Р2 (4:21)
Џошуа Џонс – Џони Сиснерос – ТКО, 2 коло (4:15)
Георги Караханијан – Кифер Кросби – завр (давење рачен триаголник), Р1 (4:25)
Брајан Мур – Џордан Вински-едногласна одлука (30-27, 30-26, 30-26)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО