Шон Стрикленд: Само револуција ќе ја оправи корупцијата во САД

Шон Стрикленд можеби зборува многу глупости, но понекогаш кажува и некои прилично значајни работи.

32-годишната ѕвезда на УФЦ од САД се бореше минатиот викенд во Лас Вегас. Стрикленд го нокаутира Абусупијан Магомедов и да ја забележи втората последователна победа во 2023 година. Шон сакаше шанса кон титулата, но веројатно ќе треба да забележи уште најмалку 1 победа.

Стрикленд по пресметката со Магомедов седна на масата пред медиумите да одговара на прашања. Шон зборуваше за ситуацијата во САД и изјави дека се е потопено во корупција. Сепак, имаше светлина на крајот од тунелот, но таа ќе дојде по револуција.

„Јас сум од Лас Вегас. Сега Лас Вегас е непријатно место. Погледнете го бројот на оние кои добиле низок степен на образование. Јас самиот не сум завршил училиште. Јас сум производ на глупаво општество. И САД се гадно место. Цените на недвижностите вртоглаво пораснаа, ни го испраа мозокот.

Ја уништуваме оваа проклета земја. Да, понекогаш кажувам нешто несоодветно. Но, во исто време, јас сум патриот на мојата земја, а корпорациите ја убиваат. Не сакам да трошиме пари на други земји. Не сакам никој да биде бомбардиран. Сакам сите пари да останат во земјава и во вашите паричници.

Но, имаме премногу политичари кои не ги ставаат интересите на САД на прво место. И мислам дека ништо нема да се смени без револуција“, изјави Стрикленд за медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО