25-годишниот борец на УФЦ во петел категорија Шон О’Мели го претрпе првиот пораз во кариерата пред две недели во Лас Вегас. „Шугар“ се соочи со Марлон Вера и прими неколку тешки удари кои му повредија нерв во глуждот. Шон беше принуден да се бори со едната нога, а Вера го притисна и успеа да го удри силно, што го принуди судијата да ја прекине борбата.
Така, младиот борец изгуби, но сепак чувствувал дека тој сè уште е непоразен во кафезот. Статистиката на О’Мели сега е 12-1 во ММА, но тој инсистира на тоа дека сè уште не е победен.
„Гледам многу луѓе кои велат дека морам да го прифатам поразот како човек. Не го разбирам ова. Губам секој ден. Денес имав џиу-џитсу тренинг и ме затворија. Се предадов и го поздравив противникот. Не разбирам за што зборуваат. Постојат многу работи што сакам да ги кажам, но не можам да дојдам до формула за да ги кажам да може да ме разберат. На хартија, изгубив и сум 12-1 во ММА.
Сепак, ментално се чувствувам непобеден. Ништо не изгубив. Да, разбирам дека изгубив, но психички сум непобеден. Гледајте ја битката и ќе видите дека почнав да го тепам. Силно го удрив, што е доста болно. Имаше среќа да ме удри во глуждот и да погоди нерв. Зачекорив криво неколку пати, но бев таму и се обидов да го нокаутирам.
Луѓето велат дека сум кукавица, но јас сум тој што порано се бореше со скршена нога. Дали сум непоразен? Да, психички сè уште сум 12-0 во ММА. Доминирав во борбата сè додека ногата не откажа. Ќе се вратам на крајот на годината. На хартија, загубив, но ментално не изгубив ништо. Верувам дека сум подобар борец и луѓето се нервираат од тоа“, рече О’Мели.
О’Мели оваа година направи три борби, а сите завршија со нокаут во првата рунда. Победи на две, што му донесе бонус и загуби од Вера.
https://www.instagram.com/p/CEhhiT8Bef0/?utm_source=ig_embed