Џон Џонс ја почна трансформацијата за тешка категорија (ВИДЕО)

Поранешниот шампион во полутешка категорија Џон Џонс ја почна трансформацијата за дебито во тешка категорија.

33-годишниот Американец ја ослободи титулата за да продолжи во тешка категорија и да се бори за појасот. Пред неколку дена рече дека за неговите цели кај тешкашите ќе биде потребно време и ќе мора физички да се подготви за пресметките со постарите момчиња.

„Коски“ му фрли ракавица на Стипе Миочиќ кој е подготвен да се бори против него, но Дана Вајт истакна дека Френсис Нгану ќе биде првиот што ќе добие шанса за титулата. Џон има учинок од 26-1-1 во ММА и е во серија од 17 последователни победи.

На почетокот на годината Џонс го одбрани појасот во полутешка категорија со тешка победа над Доминик Рејес. Последните битки на поранешниот шампион се далеку од неговите најдобри години.

https://www.instagram.com/p/CEdfCkxHE5R/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО