Американскиот борец Шон О’Мeли ја продолжи успешната серија и за првпат го одбрани шампионскиот појас во бантам категорија на најголемата светска MMA организација.
Суга на УФЦ 299, во салата Касеја центар во Мајами со одличен настап го победи Марлон Вера и со тоа стигна до 18. триумф во кариерата.
He is who he says he is 🤩@SugaSeanMMA takes home the unanimous decision to retain his bantamweight title! #UFC299 pic.twitter.com/Ybi9fc9Z6g
— UFC (@ufc) March 10, 2024
Но, таа победа е особено важна за О’Мели, бидејќи му врати на Чита за единствениот пораз во кариерата.
Имено, во август 2020 година Вера го победи Суга со прекин на крајот од првата рунда. После тоа, О’Мели ја започна својата серија до тронот на УФЦ.
Sean O’Malley is on a different level tonight. 49-46 O’Malley AND STILL. #UFC299 pic.twitter.com/3mI7pFYn62
— Spinnin Backfist (@SpinninBackfist) March 10, 2024
Во конасловниот меч поранешниот предизвикувач Дастин Париер докажа дека сè уште припаѓа на врвот во лесна категорија. Дајмонд со нокаут во втората рунда го победи Беноа Сент Дени.
One of the greatest to ever do it @DustinPoirier 💎 #UFC299 pic.twitter.com/SYC5TmK2IB
— Nickmercs (@NICKMERCS) March 10, 2024
Водеа голема борба полна со акција, а потоа во еден момент светна десницата на Дастин и го испрати Французинот на подот.
Мајкл Пејџ одлично го контролираше растојанието против Кевин Холанд и постигна голема победа во дебито во УФЦ.
Веном со едногласна одлука го совлада американскиот борец, што беше негов втор пораз во низа и четврти во последните шест меча.
Џек Дела Мадалена во фантастична борба во полусредна категорија со нокаут во третата рунда го победи Жилберт Барнс.
По две неизвесни рунди Барнс во последната уште еднаш го собори Мадалена, која успеа да стане, а потоа со колено го удри Бразилецот во брадата.
Брнс почна да се тетерави во октагонот, а Австралиецот го искористи моментот и со удари го испрати на подот и таму го заврши мечот. За Австралиецот тоа беше 17 победа во низа и седма во УФЦ.
Во воведната борба на главната програма, поранешниот шампион Петар Јан беше подобар од Сонг Јадонг со едногласна одлука на судиите.
The power of Curtis Blaydes is undeniable 😮💨
He gets the TKO in round two! #UFC299 pic.twitter.com/jN4FXuIZux
— UFC (@ufc) March 10, 2024
Резултати од настанот УФЦ 299:
Шон О’Мели – Марлон Вера – едногласна одлука (50–45, 50–45, 50–44)
Дастин Пориер – Беноа Сент Дени – КО (удари), Р2 (2:32)
Мајкл Пејџ – Кевин Холанд – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Џек Дела Мадалена – Жилберт Барнс – КО (колено и лакти), Р3 (3:43)
Петар Јан – Сонг Јадонг – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Воведни борби:
Картис Блејдс – Жаилтон Алмеида – КО (удари), Р2 (0:36)
Мејси Барбер – Катлин Черминара – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Матеуш Гамрот – Рафаел дош Анчос – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Кајлер Филипс – Педро Муњоз – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Филип Линс – Јан Кутелаба – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Мишел Переира – Михал Олексејчук – тех. завр. (давење од позади), Р1 (1:01)
Робелис Деспање – Џош Паризјан – ТКО (тупаници), Р1 (0:18)
Асу Алмабаев – C.J. Вергара – едногласна одлука на судиите (30–27, 30–27, 30–27)
Џоан Вуд – Марина Мороз – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28).