Дана Вајт подели дури седум бонуси: Наградата за најдобра борба на вечерта оди во рацете на воините од лесна категорија

Имавме големи очекувања од настанот УФЦ 299 и по завршувањето на сите 14 натпревари дефинитивно сме задоволни од она што го видовме. Гледавме неколку квалитетни и возбудливи натпревари како дел од тој настан, а набргу по завршувањето на настанот дојде време да го доделиме бонусот.

Претседателот на УФЦ, Дaна Вајт, обично избира четворица борци за да ги награди со бонуси во износ од 50 илјади американски долари, но денес беше забележително подарежлив.

„Бонусот ќе оди кај Шон О’Мeли и сите борци кои победија со прекин, освен Дастин Пориер кој го добива бонусот за најдобра борба на вечерта“, изјави Дана Вајт на прес-конференцијата по настанот УФЦ 299.

Така, вкупно седум борци си одат дома побогати за дополнителни 50 илјади долари. Како што истакна Вајт, Пориер ќе добие бонус за учество во најдобрата борба на вечерта, но бидејќи се потребни двајца за да „танцуваат“, награден е и Беноа Сент Дени. Французинот загуби со нокаут во втората рунда, но мечот меѓу него и Пориер ни понуди седум и пол минути чиста забава и уживање. Заслужено беа наградени со бонус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

За најдобрите изведби на вечерта беа доделени пет бонуси. Шон О’Мели направи маестрален настап во главниот настан на вечерта, победувајќи го Марлон Вера со едногласна одлука и заслужено го одбрани појасот во бантам категорија. Неговиот настап вреди бонус, без сомнение.

Покрај О’Мели, бонуси за изведба дома земаа Робелис Деспањ, Мишел Переира, Картис Блејдс и Џек Дела Мадалена. Тоа е четворка која ги заврши своите противници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

Робелис Деспањ го нокаутира Џош Парисјан по само 18 секунди од борбата, додека на Мишел Переира му беа потребни 61 секунда за да го задуши Михал Олексејчук. Картис Блејдес и Џек Дела Мадалена мораа да се потрудат малку повеќе за своите победи.

Блејдс го нокаутираше Жаијлтон Алмеида рано во втората рунда, додека Џек Дела Мадалена губеше на судиските картички, но на минута и 17 секунди пред крајот на мечот забележа нокаут победа над Жилберт Барнс.

Убаво е од Дана Вајт што реши да награди уште неколку борци по многу успешен настан во Мајами.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО