Шон О’Мели: Конор Мек Грегор секогаш избираше противници кои му одговараа

Тоа што Конор Мек Грегор стана шампион во две категории беше само прашање на среќа и добар избор на противници.

Оваа остра оценка ја донесе Шон О’Мeли на неговиот Јутјуб канал, каде се обиде да им ги отвори очите на фановите. Мек Грегор имаше одличен настап во перолесна категорија, а потоа забележа победа над Нејт Дијаз. Следуваше чекор до лесна категорија, каде Конор го нокаутира Еди Алварез и стана двоен шампион.

Дали таков успех е случаен? Тешко е да се поверува, но според Шон О’Мели, кој парадоксално се смета себеси за еден од обожавателите на Мек Грегор, да. „Шугар“ верува дека Конор бил успешен затоа што внимателно ги избирал противниците. Сепак, Мек Грегор згреши со Хабиб Нурмагомедов и Дастин Пориер.

Сега О’Мели предвидува дека Конор би можел да згреши и со Мајкл Чендлер.

„Конор е тип на борец кој може да го продаде настанот и борбата на таков начин што на луѓето не им е грижа со каков тип на противник ќе има. За жал, тој секогаш избираше противници кои одговараа на неговиот стил.

Тоа го правеше цело време и сè уште го прави поголемиот дел од времето. Единствената закана што ја имаше во перо категорија беше Чад Мендез. Конор го победи бидејќи Мендез беше премал за Конор. Преселувајќи се во сегашноста, не е поинаку.

Првиот противник што го избра беше Мајкл Чендлер. И еве нè повторно, ако ги земете сите борци и нивните вештини, тогаш Мајкл е единствената опција за борба што навистина може да ја добие.

Да потсетиме, борачите беа намерно избегнувани од Конор во текот на целиот период. Хабиб беше единствениот исклучок, но сите однапред знаеја како ќе се одвива борбата. Дали Конор ќе добие шанса за титулата ако го победи Чендлер?

Да, тоа е можно, но Конор не може да победи ниту еден од актуелните шампиони. Му се восхитувам на овој човек за работите што ги направи. Но, морам да кажам дека беше многу умен во изборот на противниците.

Ги избира противниците за кои знае дека може да ги победи. Конор размислува чисто: „Да, знам дека можам да го победам овој човек“. Но, згреши со Дастин Пориер, па дури и Чендлер може да го изненади“, изјави О’Мели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО