Шок: Светски шампион стави крај на кариерата

Светскиот шампион во две категории (лесно-тешка и супер средна) на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ), Светската боксерска асоцијација (ВБА) и Светската боксерска организација (ВБО) Андре Ворд изненадувачки објави дека ја прекинува професионалната кариера. Тој беше прогласен крал на спортот во оделна категорија застанувајќи на 32 победи во 32 меча, од кои 16 ги доби со нокаут.

„Мојата мисија е исполнета. Од се срце и благодарам на сите што ми помогнаа да се искачам на врвот на планината. Го напуштам спортот, бидејќи моето тело повеќе не може да ги исполни барањата, а тоа влијае на мојата желба да се борам. Ако не можам да и дадам на фановите најдоброто, претпочитувам повеќе да не се борам. Му благодарам на Бог што ми дозволи да го постигнам сето ова во мојата кариера“, напиша Ворд.

На последниот меч, реваншот со Андреј Ковалев, Вард победи со контроверзен технички нокаут во 8-та рунда, а Русинот тврдеше дека добил нечисти удари под рбетот.

https://youtu.be/BZbLlEgV0CY

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО