„Фламинго боксинг најт“ се промовираше и во Солун (ВИДЕО)

Денеска во Солун се одржа промотивен бокс тренинг од учениците на „Фламинго боксинг најт“, настан што ќе се одржи на 23 септември во казиното Фламинго во Гевгелија, а нашиот Денис Муаремовски ќе го има професионалното деби.

„Фламинго боксинг најт“ привлече големо внимание кај љубителите на благородната вештина,за што зборува и фактот дека на три дена пред овој спектакл веќе се продадени 3000 билети. Организаторот „Балканбоксинг“, предводена од претседателот Никола Милинковиќ, а во партнерство со Про бокс Македонија и Дарко Чатлески гарантираат добар бокс и спортска ноќ за паметење. Сите мечеви ќе се бодуваат за светската ранг листа.

Меѓу ВИП гостите ќе се најде и легендата екс-Ју рингот Аце Русевски (вицешампион во светот), поранешен европски шампион во ВБО верзијата Ненад Боровчанин и многу други.

Преносот во живо на сите натпревари ќе биде на телевизијата Спорт клуб.

„Боксот на територијата на Западен Балкан ја почнува својата ренесанса, а кога ќе направиме заеднички систем на натпревари, заедничка подготовка на сите тимови во сите земји од екс-Ју државите, да ги оживееме турнирите како Златен ракавица, Белградски победник, Златен гонг, итн, тогаш со европски и светски рингови ќе доминираат наши шампиони. Западен Балкан е една целина и само со обединување може да ги нокаутирам сите проблеми, но и на сите противници ширум светот. Ова е почеток“, рече Боровчанин.

Со оваа идеја и воопшто со организацијата на „Фламинго боксинг најт“ е воодушевен од легендата на македонскиот и југословенскиот бокс Русевски.

„Ги поддржувам овие млади луѓе кои прават мостови меѓу луѓето на Балканот, а само така можеме сите заедно да напредуваме. Ќе бидам во првиот ред на спектаклот во „Фламинго“ за да бодрам нашите заеднички боксери“, истакна Русевски.

Дарко Чатлески вели дека ова е продолжение на оина што го направи минатата година во Прилеп и очекува дека со Балканбоксинг ќе направат респекатбилни настани и ќе ги промовираат боксерите од овој регион, а Про бокс Македонија ќе лансира македонски боксери меѓу профеисоналвците.

„Засега одиме чекор по чекор и веруваме во она што го започнавме. Муаремовски е првиот македонски боксер што ќе настапи на ваков настан, бидејќи сум верувам во неговите квалитети и сум убеден дека ќе дебитира со победа. Од останатите боксери очекувам квалитетни борби, пред се Шериф Гурдијељац (Србија) и Лоренцо Пара (Венецуела) кој е поранешен светски шампион на ВБА“, изјави Чатлески.

https://www.facebook.com/balkanboxing/videos/1422634267783912/

Фламинго боксинг најт:

63.5 кг Денис Муаремовски (Македонија)– Панагиотис Мацагос (Грција)

-79.3 кг Филип Станковиќ (СРБ) – Теодорос Мпукакис (ГР)

-61.2 кг Шериф Гурдијељац (СРБ) – Лоренцо Пара (ВЕН)

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО