Шогун против Волкан Оездемир

Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија Маурицио Руа – Шогун (25-10, 9-8 УФЦ) во следната борба ќе се сретне со последниот прдизвикувач за титулата до 93 килограми.

36-годишниот Бразилец на 19 мај во главниот град на Чиле, Сантијаго, ќе влезе во кафезот со Волкан Оездемир (15-2, 3-1 УФЦ).

Победникот на Гран-прито на Прајд во средна категорија не се борел повеќе од една година. Во март минатата година го нокаутира Џан Виланте во третата рунда. Тоа му беше трета последователна победа.

По метеорски пробив во полутешката категорија на УФЦ со три последователни победи, 28-годишниот Оездемир загуби со нокаут во втората рунда од првакот Даниел Кормиер.

УФЦ Фајт најт 129 ќе биде првиот настан на УФЦ во Чиле.

Ментална листа на УФЦ Фајт најт 129:
Волкан Оездемир – Мурицио Руа
Чад Лапријс и Винсенте Луке
Гвидо Канети – Диего Ривас
Алекса Грасо – Татјана Суарез
Андреа Ли – Вероника Маседо
Полиана Ботељо – Сиури Кондо
Хенри Бриони – Френки Саенз
Џаред Канониер – Доминик Рејес

https://youtu.be/0pR9bLz_WUo

https://youtu.be/_CZmK6Rt_kM

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО