Лама/Исмаили: Очекуваме позитивен резултат на Европското бокс првенство во Романија

По долго време тројца македонски боксери ќе се појават на едно Европско превнство за млади сениори (У-22) во  во Тргу Јиу, Романија, од 24 март до 2 април. Боите на нашата репрезентација ќе ги баранат дебитантите Јасин Лама, Гоце Јанески и Лулзим Исмали.

Што значи ова за нив, дали се под импресија на настапот на ЕП, дали се подоготвени, што очекуваат на Шампионатот и во оваа година се прашањата кои се поставуваат како незибежни.

„Ова многу значи за мене, бидејќи мојата цел отсекогаш била европски резултати. Нормално, на Европско првенство, како најквалитетен настан. Очекувам позитивен резултат, добро сум подготвен, иако сме свесни дека ќе се соочиме со најдобрите европски боксери“, вели Јасин Лама.

А Лулзим Исмаили не може да ја сокрие возбуденоста од настапот на ЕП, но како боксер кој секогаш дава се од себе и оди до крај е убеден во солиден резултат, односно да се помине првото коло, а понатму со сите сили до големо изнанадување.

„Ќе дадам се од себе, бидејќи одамна чекав ваква шанса. Мотивиран сум, посебно по подоготовките во Скадар, Албанија“, истакнува Исмаили.

Лама довава дека подготовките биле многу добри, на кои се направени тест натпревари и смета дека сè оди според планот.

„Плановите за оваа година се по ЕП да продолжам со настапите во Македонската лига, а потоа и на турнирот во Скадар „Влазнија“. Очекувам учествувам на Медитеранските игри со помош на Македонскиот олимписки комитет. Очекувам оваа година да бидe „година на успеси”, порачува Лама кој минатата година остави добар вепчаток и Регионалната бокс лига.

Во иста насока размислува и Исмаили и нагласува дека наважен е настапот на ЕП.

„Прво добар резултат на Европското, а потоа да прикажам добри борби во нашата Лига и да обезбедам место во репрезентацијата за Медитеранските игри и да го освојам Златниот гонг“.

Боксерите во Романија ќе ги водат селекторот Петре Чурлиновски и тренерот Фатон Салиху, а на подготовките во Скадар беше тренерот Мирко Ристевски – Мице.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО