Шлеменко го победи Гусеинов со скршена рака (ВИДЕО)

Александар Шлеменко докажа дека ништо не може да го спречи во името на победата. Рускиот ММА борец доминираше над сонародникот Артур Гусеинов со едногласна одлука (30-27, 30-26, 30-26) на гала Игл ФЦ 42 во Сочи.

Битката меѓу двајцата беше главниот настан на свеченоста.

Очигледно, победата на Шлеменко изгледаше лесна, бидејќи мечот не понуди многу, па дури и неколку пати судијата ги раздели борците поради мала активност,

Еден ден подоцна, борецот откри дека ја скршил раката во првата рунда од средбата со Гусеинов.

Фрактурата на Русинот е прилично непријатна – скршен зглоб.

„Мислам дека се помина добро. Победив три од четири рунди, но се случи резултатот да биде 30-26. Раните ќе зараснат. Заедно сме силни, ви благодарам на сите!“, рече Шлеменко на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО