Шест први места за Ботони на „Плевлја опен 2016“ во Црна Гора

Botoni na Plevlja open 2016

На 12-тиот Интернационален турнир „Плјевлја опен 2016“ во Црна Гора, Карате клубот Ботон освои пет први места, едно второ и една бронза во поединечна конкуренција, а во екипните натпревари едно злато и две бронзи.

Со златни медали се закитија Ирена Ристиќ (14-15 г.,-54), Симона Николовска (2004г. + 50), Атанасоска Илина (2004 г., – 42), Трајковски Витомир (2004, – 55) и Стојмиров Стефан (2003 г., – 40).

Botoni zenski tim Plevlja open 2016

Сребрен медал освои Данчевска Марија (2004 г., – 55) и бронза Брзаковски Ангел (2006г., – 30).

Во екипните натпревари женската екипа во борби 2002-2003 г. го освои третото место, а втората екипа женски 2003-2004 г. беше најдобра, додека машките 2003-2004г. беа трети.

Botoni so Tefo na Plevlja open 2016

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО