Шест медали за македонските натпреварувачи на џиу џицу турнирот „Бања Лука опен“

На Меѓународниот џиу џицу турнир во „Бања Лука опен“ претставниците од Македонија освоија  6 медали – 2 златни, 1 сребрен и 3 бронзени.

Катерина Ацевска се закити со две злата во У-21 и во сениори во категоријата над 70 килограми. Таа доби плакета за најдобар женски борец на турнирот.

Марија Треневска освои сребро и бронза, настапувајќи во две категории, додека Антонио Стојчески кој беше во исклучително тешка група со седум борци и Зоран Колевски во категорија со пет борци освоија бронзи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО