Шенон Бригс: Ако го видам Кличко, ќе го нокаутирам!

shanon-briggs-press 1

Поранешниот светски шампион na Светската боксерска организација, Американецот Шенон Бригс, тренира во една сала со светскиот шампион Владимир Кличко, јавуваат американските медиуми.

Владимир Кличко преку инстаграм и се обрати на навивачите и рече дека со подготовките за средбата со Брајант Џенингс започнува во Флорида, која ќе се одржи на 25 април во Њујорк.

 Подоцна, од истото место, пред салата во Флорида, свое видео во јавноста објави и Бригс.

„Ако го видам во салата, ќе го нокаутирам“!- напиша Бригс, кој минатата година со серија скандали го предизвикуваше Владимир Кличко на меч за светските титули на Украинецот.

Циркузот продолжува и оваа година!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО