Емилијаненко летово доаѓа во Будва!

Федор Емилијаненко
Федор Емилијаненко

Црногорската публика во средината на летото, поточно во јули, ќе има прилика да ги запознае најголемите имиња во ММА светот. Всушност, еден од најпопуларните борци во историјата на ММА, Федор Емилијаненко, ќе биде гостин на настанот „Монтенегро фајтинг чемпионшипс 3“. 

МФЦ по два помали настани, овој пат ќе направи вистински боречки спектакал, бидејќи третиот турнир ќе се одржа во познатата дискотека „Топ Хил“ во Будва, а борбата ќе се одржи во кафез. Најавени се настапите на најдобриот црногорски ММА борец, Васе Бакочевиќ, а во Будва ќе дојдат и Ивица Трушчек, Душан Џакиќ и Јосиф Артуковиќ.

“Со Федор е постигнат начален договор. Тој ќе биде гостин  на третиот насатан на МФЦ, по пат ќе посети некои од нашите манастири. Поради обврските што ги има, ќе мора да почекаме за конечната потврда “,- рече организаторот на МФЦ, Ален Џанкиќ.

Настапите на регионалните ѕвезди се договорени, но, се очекуваат некои нови интересни имиња.

„Имаме договор со Васе, Душан, Ивица и Јосиф, а покрај нив ќе има некои други борци. Сепак, се уште нема да откриваме информации. Тој ќе настапи и нашиот млад и надежен Димитрија Џанкиќ и уште некои други борци од Црна Гора“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО