Шефовите на УФЦ се сретнаа со вицепремиерот на Русија

dana-vajt-na-pat-so-ari-vo-rusija

По се изгледа дека иден настан во Русија е во плановите на УФЦ. Доказ за тоа е фактот дека претседателот на компанијата, Дана Вајт и еден од најсилните луѓе во ВМЕ-ИМГ/WME-IMG, Ари Емануел, отпатуваа за Русија за да се состанат со вицепремиерот на земјата Витали Мутко.

Имајќи предвид колку е голем пазарот во Русија и во источна Европа како целина, не е изненадувачки дека во УФЦ веќе напорно работат на организирање на настан во овој дел на светот.

За тоа соопшти и новинарот Карим Зидан кој го наведе следново:

„Руските медиуми јавуваат дека шефовите на УФЦ, дана Вајт и Ари Емануел, се сретнале со вицепремиерот Витали Мутко за да разговараат за иден настан“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО