Шефот на УФЦ, Дана Вајт, смета дека Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов никогаш нема да станат пријатели. И двајцата не престануваат да се напаѓаат на социјалните мрежи, иако има уште многу време од нивниот меч. Вајт имплицираше дека е возможно да се стигне и до реванш.
„Кога ќе направите 7-10 рунди со ривал, меѓу вас постои меѓусебно почитување“, додаде шефот на УФЦ: „Ќе дојде време кога Нурмагомедов и Мек Грегор ќе почнат да се почитуваат меѓу себе“. Не зборувам за взаемна симпатија“.