Тони Фергусон: Имаме недовршена работа со Хабиб

Поранешниот привремен шампион Тони Фергусон се уште инсистира да добие шанса против Хабиб Нурмагомедов. Тие требаше да се борат минатата година за регуларната титула, но Тони одлучи дека е добра идеја да се прошета со очила за сонце на денот за медиумите, што доведе до сопнување од кабел, а потоа стигна и до операција. Тогaш Хабиб се сретна со Ал Јакинта и ја освои титулата, а потоа и да ја одбрани против Конор Мек Грегор на УФЦ 229, каде што Тони го победи Ентони Петис.

Во моментов, Тони си ги решава психичките проблеми, а Хабиб го очекува битка со Дастин Пориер кој е нов привремен шампион. Но, и покрај се, Тони  се уште сака борба со Хабиб.

„Многу сум сигурен дека таа борба никој не сака да ја види. Имаме незавршена работа со Хабиб“.

Битката меѓу нив пародна четири пати и не е јасно дали УФЦ ќе ризикува уште еднаш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО