Шефот на ИБФ: Пулев е следниот противник на Џошуа

pulev-dzosua-montaza

Кубрат Пулев ќе биде следниот ривал на Ентони Џошуа, бидејќи тој е главниот кандидат за титулата на ИБФ.

Ова го објави шефот на меѓународната федерација Линдзи Такер. Во моментов се уште нема потврда од ниту една од двете страни, но според претседателот на ИБФ, Британецот и онака треба да се сретне со Пулев. Причината е што Бугаринот се искачи на првото место ранглистата на предизвикувачи, бидејќи претходниот број 1, Џозеф Паркер, ќе боксира за титулата на ВБО со Енди Руиз.

Според правилата на ИБФ, шампионот има три опции за одбрана на појасот. Првата е да се сретне официјалниот предизвикувач (Пулев). Втората, која е со приоритет е да се направи обединувачки меч за титули, како што беше варијантата со Владимир Кличко. Откако од ВБА не го испочитуваа Џошуа за правилен противник на Украинецот, таа варијанта отпаѓа. Третата е доброволна одбрана со некој друг од топ 15 боксерите во светот. Ако Британецот се определи за оваа варијанта, веднаш по средбата ќе почнат да течат 120 дена, во кои сепак ќе треба да боксира и со основниот предизвикувач, кој повторно е Пулев.

„Џошуа тврди дека нема претензии со кого ќе се сретне. Во таков случај најдобро логично е да има средба со Пулев. Верувам дека токму тој ќе биде следниот ривал. Не може Тони да избере друг, но откако нема да има борба со Кличко, Кубрат е на дневен ред за него“, истакна Такер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО