Шампионот на Русија во војничкa борба и шампион на Санкт Петербург во кик бокс – Денис Петров е една од 14-те жртви на крвавиот напад во метрото на Санкт Петербург, соопштува „ТВ Звезда“.
Оваа тажна вест беше раширена од спортскиот клуб во кој Петров работел како тренер во постојана борба. На денот на атентатот патувал со метрото на тренинг.
„Драги пријатели! Ви благодариме на сите кои не останаа рамнодушни и помогнаа. За жал, стравувањата се потврдија. Вчера во експлозијата во метрото загина нашиот пријател, исклучителен тренер и колега Денис Романович Петров. Почивај во мир“, се вели во пораката .
Во клубот веќе е предложено да се одржи спортски турнир во негов спомен.