Кампот на Мек Грегор потврди: Ги почнавме подготовките за Мејведер!

УФЦ шампионот Конор Мек Грегор почна да се подготвува за бокс мечот против Флојд Мејведер кој би требало да се одржи во почетокот на јуни. Потврди дека неговиот тим, поточно главниот тренер Џон Каванаг, а го пренесе истакнатиот Фокс спорт.

„Во мојата глава, борбата е договорена. Ние сме во таа ментална состојба. Како што и самите рековте, има многу сегменти кои треба да бидат да се задволат за да се реализира овој договор. Тука се промоторите, организаторите, комисиите кои одредуваат правилата, но ако ме прашувате мене, мечот ќе се одржи оваа година. Таква е состојба во која што сум сега “, призна Каванаг и додаде:

„Други нека се справуваат со документите. Ние веќе почнавме со тренинзите“.

Говорејќи конкретно за средбата, Каванаг верува дека неговиот пулен со секој тренинг ќе биде подобар и ќе му се приближи на Мејведер.

„Боксот е само еден од 10-те вештини потребни за да се занимавате со ММА. Но, во овој момент се занимаваме само со бокс, па не мора да се концентрираме на борење, џиу џицу и мај тај. Може се фокусира само на боксот“, објаснува Каванаг и додава:

„Се разбира, се подготвуваме за најдобариот дефанзивен боксер во историјата воопшто, но за нас овој тренинг камп е едноставен, бидејќи не мора да се фокусираме на различни аспекти, туку само еден. Ова е ново искуство за мене и многу му се радувам“.

Новинарите на Фокс спорт претпоставуваат дека Мек Грегор по доѓањето на свет на приновата кон крајот на април или почетокот на мај тренинг кампот ќе го пресели во Лас Вегас. Според британските медиуми официјалната потврда на бокс мечот ќе се случи овие денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО