Кинг Конг го чека победникот од Џошуа-Кличко

Луис Ортиз – Кинг Конг (Куба) изјави дека го чека победникот од средбата меѓу Владимир Кличко и Ентони Џошуа. Непоразен Кубанец стана најновиот предизвикувач на победникот за шампионските појаси во тешка категорија на 29 април во Лондон.

„Подготвен сум за борба, чекам шанса да се борам со победникот од средбата Ентони Џошуа – Владимир Кличко. Затоа тие може подобро да се подготват, бидејќи Кинг Конг ги очекува. Би сакал да се борам и со Дионтеј Вајлдер. И двајцата сме големи и силни боквсери. Сите сакаат да видат сличен меч. Знам дека моето време доаѓа“, рече Ортиз.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО