Кормиер: Ентони Џонсон не ме плаши на којбило начин

Даниел Кормиер е шампион на УФЦ во полутешка категорија, но по една или друга причина, „ДЦ“ продолжува да се соочува со неприфаќањето на не мал број на навивачи.

Исвиркувањата кон него воопшто не се реткост, но неколку дена пред УФЦ 210, Кормиер изјави дека се научил да не им обрнува внимание.

Поранешниот професионален борач е на мислење дека евентуален втор успех против „страшилото“ Ентони Џонсон на УФЦ 210 ќе докаже дека сите хејтери има погрешено мислеење за него.

„Првично исвиркување ме загрижуваше, но потоа сфатив дека тие се дел од борбата. Можам да го контролирам само она што е под моја контрола. Луѓето можат да ме сакаат или да ме мразат, но не може да негираат, кога ќе влезам во кафезот, јас навистина се борам цврсто. Во поголем дел од време тоа е доволно за да биде укината мојата рака. Ноќе добро спијам, зашто знам дека сум го скршил газот од секојдневна работа. И правам вистински нешта. Овој меч е уште една шанса да и докажам на луѓето дека грешат“.

„Ентони е страшило. Луѓето го сакаат начинот на кој се бори. Сакаат да видат како ги нокаутира луѓето. Му го сакаат агресивниот стој. Но да го победам ќе ми биде големо задоволство, бидејќи луѓето го прават да изгледа во нешто што не е тој. Не се плашам од него на којбило начин. Нема нешто што е поврзано со Ентони Џонсон да ме плаши. Другите борци се видливо преплашени од него, но кај мене нема да видите нешто такво“.

„ДЦ“ повторно призна дека официјалниот постер за УФЦ 210, на кој предизвикувачот е прикажан во далеку поголеми димензии отколку шампионот, никако не му се допаднал.

„На почетокот малку ме задеваа – претенденот да се издигнува на сличен начин над шампионот. Но го разбирам, иако сметам дека можеа да пристапат со малку повеќе креативност кон постерот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО