Шампионот на Лумпини и Тајланд слaвеше во Париз (ВИДЕО)

yodwicha bob osackobvoxemag

Eден од најдобрите тајландски борци Јодвича Пор Бонсит пристигна во Европа да ја покаже Уметности на осумте оружја.

Во својата кариера ги има победено Саенчаи, Нонг-О и Синџ Киатмо.

Јодовича кој ги освојуваше титулите на Лумпини стадионот во три тежински категории и титулата шампион на Тајланд, во Париз на Best Of Siam 7 настанot го победи домашниот борец Бобо Сак со судиска одлука. Иако е познат по борбите во клинч, во овој меч покажа на други врвни сегменти на борбата.

Ова му беше втор меч во Европа. Во август во Сен Тропе го порази Французинот Џими Виенот.

При пресметката на тешкашите Јасин Бугханем славеше против Јуксел Ајајдин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО