Шампионот на Белатор Минаков славеше против поранешен борец на УФЦ (ВИДЕО)

minakov copeland

Шампионот на Белатор во тешка категорија, Виталиј Минаков (17-0), трета борба во низа ја одработи Русија.

Минаков (30 г.) на Фајт најтс настанот во Москва со кимура во втората рунда го победи Џош Копланд (9-3). Американецот во кариерата одработил две борби за УФЦ. Во двете е поразен. Изгубил со одлука на судиите од Руслан Магомедов и со технички нокаут од Џаред Рошолт.

Минаков уште на почеток по лоу кик со коленото го погоди Копланд по брадата. Потоа го урива е активен одзгора, но Американецот добро се бранеше. При обидот  за бегство на влезот во последната минута му го врти грбот на Русинот, а овој се обидува давење одпозадиод кое Копланд одлично се зивелуква. Потоа домашниот борец доаѓа во маунт и го казнува противникот кој се обидуваат да стане.

По една минута од втората рунда Минаков го урива Американцот и напаѓа со граунд и паунд од полугард. Преминува во маунт и се префрлува на лост, но Копланд повторно бега. По десниот директ Минаков оди дабл лег текдаун. Од полугард преоѓа во странична позиција и со кимура го завршува противникот.

На приредбара се бореше и Рубен Волф (10-7). Германецот загуби со технички нокаут по две минути од Сергеј Павлович (6-0).

https://youtu.be/INQPo0DhwRs

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО