Тајсон Фјури: Ако сакаат, ќе ги дадат моите титулите на Фред Флинстоун, Супермен или Бетмен

Tajson Fjuri vo banjaraka

Новиот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, воопшто не се плаши од тоа што Меѓународната боксерска федерација (IBF) одлучи да му одземе еден од појасите, бидејќи одби меч со задолжителниот претендент Вјачеслав Гласков.

„ИБФ е една лажна организација. Јас сум светски шампион во тешка категорија. Сега тие не сакаат нивниот појас да е кај мене. Не ми дадоа време. Требаше да се согласам по два дена. Како да не се борам повторно со Кличко? Имам клаузула во договорот за реванш, нема како да ја избегнам. Но ИБФ не ја интересира. Ако ми го земат појасот, очигледно ќе си ги сакам назад надоместоците кои што платив за појасот, кој го немам. Сите знаат дека сум №1 на планетата. Може да ги земат сите мои појаси. Но нема да ми го одземат тоа. Јас сум се уште боксер №1 во тешка категорија. Ако сакаат, ќе ги дадат моите титулите на Фред Флинстоун, Супермен, Бетмен, но секој знае кој е №1“, нагласи Фјури.

Тој откри дека веќе качил 3 килограмипо мечота и дека сака да се врати во сала. Но, тој истакна дека боксот не е најважното нешто за него.

„Има живот и по боксот. Јас сум семеен човек, треба да си ги гледам жената и децата. Боксот е начин да заработат пари и да ги плаќам сметките – ништо повеќе, ништо помалку. Тоа е бизнис“, категоричен е Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО