Марко Хук се среќава со Ола Афолаби по четврти пат за титулата на ИБО

Marko Huk

Поранешниот шампион на Светската боксерска организација (ВБО) во полутешка категорија, Марко Хук, пушти информација преку социјалната мрежа Твитер дека следниот меч ќе му биде против шампионот во полутешката категорија на ИБО, 35-годишниот Британец Ола Афолаби.

Средбата е закажана за 27 февруари 2016 година во Хале, Германија. Интересно во случајот е дека двајцата боксери досега се имат сретнато три пати. На два меча Хук победни со судиски одлуки, а една средба заврши нерешено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО