Тајсон Фјури докажа дека е најдобар боксер во тешка категорија и понуди уште еден спектакл на „Вембли“, но исто така покажа и класа која им ги стопли срцата на сите неутрални фанови.
Фјури ја оправда фаворитската улога и го нокаутираше Вајт со спектакуларен аперкат во шестата рунда, но покрај тоа што е голем шампион, демонстрираше дека е и голем човек.
Британецот имаше специјален гостин во рингот, на кого му подари и еден од своите освоени појаси како вистински крал во најтешката категорија.
Младиот 14-годишен Маршал Џенсон имал прва средба со Фјури минатата седмица, а животната приказна и трагедија до толку го трогнале боксерот, што решил да се погрижи за помош и трогателна сцена на „Вембли“.
Маршал поради менингитис на мала возраст останал без долните и горните екстремитети, па Фјури му ветил дека ќе му помогне да си купи протези кои ќе му го олеснат секојдневниот живот.
https://streamable.com/qmakox
Heartwarming moment yesterday night as Tyson Fury invited young Spurs fan Marshall Janson into the ring. The Gypsy King has promised to help him pay for new prosthetics.
– The Sun pic.twitter.com/YbJ8WkCIEo
— The Spurs Web (@thespursweb) April 24, 2022