Тајсон Фјури уште еднаш ја потврди доминацијата во тешка категорија на светскиот бокс откако пред полниот „Вембли“ со нокаут во шестата рунда славеше против Дилан Вајт. Британецот не се намачи во борбата па на крајот имаше сили и да запее.
Имено, откако спикерот побара од Фјури да и се обрати на публиката, борецот приреди вистинско шоу со песната „Американ пај“ од Дон Меклин во чие изведување се приклучи и публиката.
A @Tyson_Fury fight night doesn't end without a sing-along! 🎶
Wembley Stadium is an absolute scene! 🏟#FuryWhyte | BT Sport Box Office ▶️ https://t.co/b0uV32C1tB pic.twitter.com/lNCSua69cl
— Boxing on TNT Sports (@boxingontnt) April 23, 2022