БорењеДомашна сцена

Шампионите на Вардар на подготовки со светската елита во Русија

Двајцата врвни натпреварувачи на Боречкиот клуб Вардар Ахмад Магомедов (86 кг) и Адам Модосјан (92 кг), во периодот до 1 април престојуваат во еден од најпрестижните центри за спортски подготовки во светот Кисловодск во Русија.

Нашите шампиони се дел од интензивен тренинг камп заедно со елитата на , предводена од олимпискиот шампион и повеќекратен светски првак , Абдулрашид Садуалев, познат во светот како „Руски тенк“.

Подготовките се реализираат под стручниот надзор на неговиот личен тренер, поранешниот светски шампион , како и главниот тренер на руската репрезентација – легендарниот Магомед Курбанов и Владимир Модосјан.

„Овој престижен камп претставува огромна можност за дополнителен развој, размена на искуства и унапредување на формата на нашите натпреварувачи пред претстојните меѓународни предизвици.

Боречкиот клуб Вардар продолжува да вложува во врвна подготовка и создавање шампиони на светско ниво“, велат од Вардар.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON